Цената на биткоинот продолжи да расте синоќа и во вторникот наутро, достигнувајќи нов рекорд и за првпат еден биткоин вредеше 48.000 американски долари.
Новата толпа инвеститори во најпознатата и најважна криптовалута во светот беа предизвикани од веста дека компанијата Тесла купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.
Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи, според податоците на „SEC“.
Исто така, Тесла објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.
По оваа објава, пренесува „Телетрејдер“, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и после тоа.
Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно време.