Магазин 09. март 2021. / 10:23

По интервјуто на Меган и Хари, кралицата Елизабета свикала итен состанок

По интервјуто на Меган и Хари, кралицата Елизабета свикала итен состанок

По интервјуто кое Меган Маркл и принцот Хари го дале за Опра Винфри, во Бакингемската палата бил свикан итен состанок. Британските медиуми пренесуваат дека кралското семејство е шокирано и ужаснато од интервјуто и дека Хари на овој начин фрлил „атомска бомба на своето семејство”.

Кралицата Елизабета Втора ги повикала принцот Чарлс и принцот Вилијам на итен состанок зад затворени врати за да се утврди како кралското семејство ќе реагира на низата обвиненија кои Хари и Меган ги изнеле во разговорот.

Извори на „Daily Mail” упатени во случувањата во палатата наведуваат дека расположението е микс од „интензивен шок и тага” бидејќи принцот Хари фрлил нуклеарна бомба на своето семејство, како и дека кралското семејство минало бессона ноќ во палатата.

Војводата и војвотката од Сасекс во интервјуто го обвиниле кралското семејство за расизам – наводно неименуван член на семејството кој не е ни кралицата ни војводата од Единбург Филип, стравувал која боја на кожа ќе ја има нивниот син Арчи, а Меган се пожалила дека не добила поддршка од платата кога барала помош поради суицидни мисли.

Новинарката на „BBC”, која го следи кралското семејство, Даниела Релф, оценила дека Бакингемската палата нема да брза со реакција за да не ја влоши веќе лошата ситуација.