Кармело Ентони повторно ќе игра во НБА лигата. 35-годишниот ветеран ќе се приклучи на тимот на Портланд, пренесува „ЕСПН“, а тоа доаѓа повеќе од една година по неговиот последен натпревар во Лигата на 8 ноември 2018 година како кошаркар на Хјустон рокетс.
Ентони е еден од најдобрите стрелци во историјата на лигата. Тој во кариерата има просек од 24 поени, 6,5 скокови и три асистенции во 1.064 натпревари од редовна сезона. Енрони настапуваше за екипите на Денвер, Њујорк, Оклахома Сити и Хјустон.
Неговиот договор со Портланд ќе биде до крајот на сезоната и има минимална вредност.
Популарниот Мело ќе им се придружи на своите нови соиграчи за претстојната турнеја од шест гостувања, која почнува во Сан Антонио викендов, а завршува на 26 ноември во Чикаго.