Магазин 19. јуни 2020. / 14:14

По долго и тешко боледување почина шпанскиот писател Карлос Руиз Зафон

По долго и тешко боледување почина шпанскиот писател Карлос Руиз Зафон

Познатиот шпански писател Карлос Руиз Зафон почина по долго и тешко боледување. Според шпанските медиуми, Зафон почина на 56 годишна возраст откако му бил дијагностициран карцином на дебелото црево.

Во 2002 година Зафон во Шпанија стана вистинска книжевна сензација, а неговиот роман „Сенката на ветерот“ чие дејствие се случува во Барселона во педесеттите години на 20 век е прогласен за книга на годината и преведен е на повеќе од 40 јазици, а продаден во милионски тиражи.

Продолжението на „Сенка на ветерот“, романот „Играта на ангелот“ е објавен на Светскиот ден на книгата-23 април 2008 година, а третиот роман од серијалот „Затвореник на небото“ е објавен во ноември 2011 година.

Зафон од 1994 година живее во Лос Анѓелес и работеше како сценарист, но и пишуваше за шпанските дневни весници “El País” и “La Vanguardia”.

“Cada libro, cada tomo que ves, tiene alma. El alma de quien lo escribió, y el alma de quienes lo leyeron y vivieron y…

Posted by Carlos Ruiz Zafón | OFICIAL on Friday, June 19, 2020