Магазин 02. јуни 2020. / 17:45

По четири месеци во болница, почина помладата сестра на Гатузо

По четири месеци во болница, почина помладата сестра на Гатузо

Помладата сестра на славниот поранешен италијански фудбалер и сега тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, починала по тешка болест со болеста. Пред да почине 37-годишната Франческа неколку месеци била хоспитализирана во болница во италијанскиот град Варезе.

Прерано починатата Франческа, 14 години работеше како секретарка во Милан, каде што играше и самиот Гатузо. Од клубот јавно ја споделија својата тага и сочувство до својот некогашен челн.

Гатузо за тешката и ретка болест на сестра му и итната операција дознал на 3 февруари, дента кога Наполи играше со Сампдорија, па затоа и по мечот не се појави на прес-конференцијата, туку веднаш замина да ја посети, а веста за нејзината смрт ја дозна утрово, на теренот за тренинг во Кастел Волтурно.