Мечките во скопската зоолошка после 60 години ќе добијат нови живеалишта.
-Живеалиштата на мечките се во централниот дел од зоолошката и се многу стари. Сакаме да им направиме нов простор по сите стандарди, каде што мечките ќе живеат во што поприродна и поголема животна средина. Веќе две ипол години баравме соодветно решение за поголема благосостојба на овие животни и конечно е направен проект чија изградба ќе чини околу 50 000 евра, а финансиите ќе бидат обезбедени од нашите спонзори, стои во објавата на Фејсбук од страна на Зоолошката.