Магазин 18. јануари 2021. / 12:05

По 113 години Интер го менува името и ќе има ново лого

По 113 години Интер го менува името и ќе има ново лого

По победата над Јувентус, Интер е на „седмо небо“. Освен за големиот успех, медиумите во Италија посветија доста простор и за други работи поврзани за овој тим.

Пред се е онаа дека по 113 години овој клуб ќе го менуваат името. Поточно ќе го скратат. Како што пишува „Газета дело Спорт“, досегашното Интернационале Милано, ќе биде сменето во скратена верзија Интер Милано. Воедно ќе се змени и визуелниот изглед на клупскиот грб, но ова нема да биде прв пат.

Информациите од Милано велат и дека долгогодишниот спонзор Пирели кој стоеше како главен на дресовите ќе биде сменето и на нив ќе стои кинеското Евергранде.