Деновиве од печат излезе „Студија во скарлетна боја“, една од четирите новели на Артур Конан Дојл, прва во серијалот во кој главни ликови се Шерлок Холмс и доктор Вотсон, најславното детективско дуо во книжевноста.
Изданието е на „ПНВ Публикации“, а преводот од англиски јазик е на Дејан Величковски, кој за „ПНВ Публикации“ претходно ги преведе и новелите „Знакот на четворката“ и „Долината на стравот“ од истиот автор.
Покрај новелите, Артур Конан Дојл напишал и 56 раскази за авантурите на приватниот детектив Шерлок Холмс и доктор Вотсон, но „Студија во скарлетна боја“ е токму првата од сите овие приказни. Новелата е позната и по тоа што претставува прво детективско книжевно дело во кое лупата се наведува како истражна алатка.