Светски познатиот оперски пејач, Пласидо Доминго, им се извини на неколку жени кои го обвинија за сексуално вознемирување за нанесената болка.
Доминго даде оставка на позицијата генерален директор на Операта на Лос Анџелес откако неколку жени го обвинија дека сексуално ги вознемирувал.
Вкупно 20 жени го обвинуваат Доминго за сексуално вознемирување и недолично однесување, обвиненија кои тој ги негира.
– Го почитувам тоа што овие жени се чувствуваат слободни да го кажат своето мислење. Сакам да знаат дека навистина ми е жал за нанесената болка. Преземам целосна одговорност за моите постапки и кажувам дека созреав низ ова искуство – изјави Доминго.