Магазин 03. октомври 2020. / 16:15

Планинари од клубот „Козјак“ ќе се искачуваат на врвот Китка

Планинари од клубот „Козјак“ ќе се искачуваат на врвот Китка

Здружението спортско планинарски клуб „Козјак“ од Куманово утре, ќе го реализира традиционалниот 22-ри Меморијален планинарски марш планинар „Појак Калман“. Искачувањето е планирано на врвот Китка на 1.211 метри.

Маршот ќе се спроведува согласно препораките на Медицинската комисија на Федерацијата на планинарски спортови и на мерките на Комисијата за здравство, соопштија од клубот. Маршот се организира во чест на основоположникот на планинарскиот клуб

 Искачувањето ќе биде од двете страни патеки, првата патека е Пелинце-Враготурце-Врв Китка, втората патека е Степанце-Малотино-Врв Китка. Планирано е средбата на планинари од двете страни на врвот Китка, велат од здружението.

ЗСПК „Козјак“ информира дека на годинешниов марш ќе учествуваат само членовите на нивното здружение поради мерките за заштита од ширење на коронавирус.