Магазин 24. јули 2020. / 12:39

Писателката на биографијата на принцезата Дајана: Принцот Хари е помалку интелигентен од Меган и прави се што таа ќе му каже

Писателката на биографијата на принцезата Дајана: Принцот Хари е помалку интелигентен од Меган и прави се што таа ќе му каже

Принцот Хари (35) е „помалку интелигентен лик“ од Меган Маркл (38) и тој „постојатно се согласува со сѐ што таа ќе каже“, бидејќи „очајнички сака да ја задоволи својата сопруга“, вели  Линда Колин Кемпбел (70).

Британската писателка кој ја напиша една од најпродаваните биографии во 1992 година, „Дијана приватно: Принцезата никој не ја знае“, сега изнесе сензационални тврдења како најава за својата нова книга „Меган и Хари: Вистинската приказна“.

Линда наведува дека војводата и војвотката од Сасекс „имаат многу цврст брак“, но дека Меган во таа заедница „носи панталони“, бидејќи нејзиниот сопруг е „маѓепсан од неа“.

Според мое мислење, Хари е помалку интелигентен од Меган. И мислам дека тој е толку очаен да ја задоволи и дека оди каде и да оди таа, без оглед на тоа колку и да изгледа лошо. Тој е фасциниран од неа. Тие ќе имаат цврст брак, сѐ додека војвотката ќе има полна контрола – рекла писателката.