Магазин 14. февруари 2021. / 10:14

Пик Сегед не знае за победа во Скопје

Пик Сегед не знае за победа во Скопје

Вардар 1961 по двата одложени дуели во Лигата на шампионите, денеска на домашен терен (18 часот) го пречекува Пик Сегед во заостанат меч. Унгарскиот тим е на шестото место на табелата, има три бода повеќе од македонскиот тим, кој пак е последен во групата А.

Добро е познато дека двата тима имаат интересна историја на меѓусебни пресметки. Иако помина време, сепак Пик Сегед не може да го заборави поразот во 1/4 финалето во 2019 година на гости во Скопје, кој беше одлучувачки за Вардар 1961 пред реваншот на гостински терен. Токму оваа година „црвено-црните“ дојдоа до вториот пехар во Лигата на шампионите.

Факт кој не смее да се прескокне се петте победи на Вардар 1961 на домашен терен. Пик Сегед, едноставно не знае за триумф во СЦ „Јане Сандански“.

Што се однесува до составите, гостите одново ќе бидат без Лука Степанчиќ, додека пак Вардар 1961 треба да биде со Кристијан Дисингер во составот.