Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Неработен ден за сите граѓани во земјава е 20 април, понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник – Велигден.