Магазин 24. август 2020. / 22:09

Петмина новозаболени и еден починат од Ковид-19 во Куманово

Петмина новозаболени и еден починат од Ковид-19 во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира  пет новозаболени лица од Ковид-19, четири од Куманово и еден пациент од Липково, соопштија надлежните од јавната здравствена установа.

Министерството за здравство соопшти дека 68 годишна пациентка починала во амбуланта на Инфективната клиника.

– Сите новозаразени веќе имале контакти со претходно заболени лица, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, ковид дијагностицирани се 1.379, а во моментов активни се 340 случаи.