Според истражувањето на научници од универзитетот Оксфорд, ширењето на корона вирусот низ светот започнало пред сите да знаат за него. Имено, затоа многу луѓе го прележале Ковид-19 без да знаат за тоа.
Научниците успеале да утврдат пет знаци или симптоми, кои покажуваат дека сте ја прележале инфекцијата од корона вирусот.
Првиот знак е губењето на чувството за мирис. Од медицинскиот факултет на Харвард објаснуваат дека редица клетки во носот содржат протеини, кои корона вирусот најпрво ги напаѓа и инфекцијата навлегува во телото. Последователно, луѓето кај кои се појавил само овој симптом се едни од основните преносители на корона вирусот. Тие не знаат дека се заразени, но со вирусот ги заразуваат другите.
Вториот знак е стомачна болка, зашто сигнализира за развој на пневмонија во долните делови на белите дробови, но истовремено може да биде и независен симптом.
Третиот знак за зараза со Ковид-19 е дијарејата, што е регистрирано кај многу пациенти во Вухан каде започна светската пандемија. Симптомот е откриен кај речиси половина од заболените.
Четвртиот симптом е лесниот фоликуларен коњуктивит-зацрвенети очи, температура, таложење секрет, сврбеж во очите.
И на крајот, но не и на последно место е заморот.