Магазин 08. февруари 2019. / 16:23

Пет пати беше номиниран за Оскар: Почина актерот од „Скајфол“

Пет пати беше номиниран за Оскар: Почина актерот од „Скајфол“

Познатиот актер Алберт Фини почина по кратко боледување во 82 година од животот.

Актерот ја почна својата кариера во „Ројал Шекспир компани“ пред да го сними првиот филм, а пет пати беше номиниран за Оскар.

Глумеше во филмовите „Убиство во Ориент експрес“, „Ерин Брокович“ и „Скајфол“.

Семејството соопшти дека Алберт Фини, на возраст од 82 години, починал по кратко боледување, а болеста ја поминал во мирно окружување на семејството.

– Семејството бара приватност во овој тежок период. – стои во соопштението.