Магазин 13. март 2019. / 12:42

Пет години од трагичната смрт на Петар Милошевски

Пет години од трагичната смрт на Петар Милошевски

На денешен ден, пред пет години, Македонија ја загуби една од најголемите спортски икони во македонскиот фудбал – Петар Милошевски.

Легендарниот голман загина несреќно во сообраќајка на 13. март, 2014 година, оставајќи длабока трага во македонскиот спорт воопшто.

Кобната несреќа се случи на автопатот Скопје – Куманово, а Милошевски подлегна на повредите, додека пак тогашниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој беше во автомобилот, остана неповреден.

Петар Милошевски (40) во кариерата настапувал за Пелистер, Вардар, Трабзон, Малатијаспор и Енозис. Дресот на Македонија го носел на 59 натпревари.