Магазин 02. мај 2020. / 22:00

Пердју за Џордан: За правење блок ми мавна шамар и цело време ме омаловажуваше

Пердју за Џордан: За правење блок ми мавна шамар и цело време ме омаловажуваше

Во документарецот „Последниот танц“ кој ја носи приказната за Мајкл Џордан и златната генерација на Чикаго булс. Центарот на таа генерација на Чикаго, Вил Пердју, ја открива мрачната страна од карактерот на Мајкл Џордан.

Џордан ме омаловажуваше уште од прв ден. Кога бев драфтуван, Мајкл почна да ме задева поради презимето, тој сметаше дека не сум вреден за неговата екипа. Тренинзите ни беа животински, Фил Џексон нè туркаше над лимитот. Тој ќе го одбереше Џордан во резервниот состав, а мене и Пипен во првата постава и Мајкл се нервираше. Еднаш направив недозволен блок, тој се удри во мене и ми се закани. Јас на препорака од тренерот уште еднаш го направив истото, па си добив шлаканица. Сепак, многу научив од него, тој нè направи компетитивни, изјави Перду.