Магазин 25. ноември 2020. / 19:28

Пеле: Јас изгубив пријател, светот изгуби легенда

Пеле: Јас изгубив пријател, светот изгуби легенда

Светот денеска го потресе веста за Диего Марадона, кој почина од срцев удар во неговиот дом, и тоа само неколку дена откако имаше успешна операција на главата по која одмараше.

Многу познати личности се збогуваа со Марадона, а тоа го направи и легендарниот бразилски фудбалер Пеле.

– Изгубив драг пријател, светот изгуби легенда. Се надевам дека на небото некогаш повторно ќе играме фудбал, напиша Пеле.

Марадона почина денеска на 60-годишна возраст. Се бореше со здравствени проблеми во последно време, а пред неколку недели беше подложен на операција за субдермален хематом на мозокот.