Магазин 03. август 2019. / 11:39

Пеколното време допрва доаѓа – не очекуваат температури до 44 степени

Пеколното време допрва доаѓа – не очекуваат температури до 44 степени

Како што најави метеорологот Славчо Поповски изразениот топол Африкански бран долго ќе се задржи кај нас, но со малку помал интензитет и тоа особено утре кога очекуваме незначителен пад на температурите и северен ветер, исто така се очекува повторно локална нестабилност и тоа особено на север и на исток од државава каде се можни и нешто поинтензивни атмосферски процеси.

Она што е интересно е дека најновите анализи укажуваат на тоа дека некаде од 10 август па натака нашата држава би можела да биде зафатена од најсилниот топол бран ова лето кога во централните и во југоисточните предели максималните дневни температури би се искачиле дури и до околу 43, 44 степени, најави Славчо Поповски.