Организаторот на играта на Вардар, Игор Карачиќ, ќе направи снимање кои треба да го даде одговорот на прашањето дали ќе го гледаме денеска во финалето.
Карачиќ без никаква причина падна на теренот во „Ланксес“ арената на две минути пред крајот на полуфиналниот дуел со Барселона, а потоа не информираше дека почувствувал болка и грч на листот на левата нога и едвај се движеше кон соблекувалната.
По мечот никој не сакаше да дава прогнози, а Роберто Парондо изјави.
Не успеав да зборувам со Игор, ниту со докторите, но не изгледа добро. Се надевам дека ќе може да ни помогне денеска потребни ни се сите играчи. Кара имаше одлична сезона и се надевам дека ќе игра затоа што заслужи.