Магазин 31. јануари 2021. / 18:43

Пандев урна уште еден рекорд во Серија А

Пандев урна уште еден рекорд во Серија А

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев и неговата Џенова денеска славеа на дуелот против Кротоне со 3-0. Нашиот најдобар фудбалер влезе во 74. минута и дојде до нов рекорд во Серија А.

За Пандев ова беше 54. натпревар на кој влегува од клупа. Тој го израмни рекордот на Серџо Пелисие, а на следниот меч може да влезе во историјата на Серија А како играч кој имал најмногу настапи како резерва.