Македонскиот репрезентативец Горан Пандев ја имаше главната улога во тимот на Џенова, која успеа да му го нанесе првиот пораз на Јувентус.
Пандев во игра влезе во 60. минута, а кратко потоа му асистираше на Стураро кој со шут од далечина го совлада Перин за водство на Џенова од 1-0.
Десет минути подоцна убав гол на Пандев со кој ги реши сите дилеми околу победникот, Македонецот ги постави конечните 2-0… Ова беше првиот пораз на Јувентус во серија а оваа сезона.