Лошите резултати си го сторија своето, поразот од Беневенто ја прели чашата, Џенова му даде отказ на Роландо Марин, Давиде Балардини би требало да биде новиот тренер.
Џенова е на претпоследното место, а по поразот од 2-0 од Беневенто раководството на клубот се реши за тренерска смена.
– Џенова сака да соопшти дека Роландо Маран повеќе не е тренер на тимот. Му благодариме на тренерот и неговиот стручен штаб за посветеноста, стои во соопштението на клубот.
„Скај Спорт Италија“ тврди дека Давиде Балардини ќе биде наследникот на Маран.
Балардини досега трипати бил тренер на Џенова, последниот пат во сезоната 2017-2018.