Дел од сервисите на Google и YouTube попладнево останаа недостапни.

Корисниците низ целиот свет се соочуваат со проблеми при вчитувањето на веб страниците и добиваат порака дека сервисите се надвор од употреба.
Засега нема официјални информации за што точно станува збор.
Дел од сервисите на Google како Gmail, Google drive, Google Analytics се недостапни. Google со сличен проблем беше погоден и во месец август, а производите доживеаа пад и во текот на месец ноември.
Сервисите се недостапни речиси низ цел свет, а според Down detector најголеми проблеми се пријавени во Европа.
