Срцето е орган кој директно и индиректно е најзагрозен од Ковид-19, пишува весникот „Санита“, кој е наменет за здравствените работници.
Срцевите пациенти имаат многу поголем ризик од смрт доколку се заразат со вирусот корона, дури 7 од десет смртни случаи од инфекција имале проблеми со срцето.
Според весникот, секоја година во Италија, 240 илјади луѓе умираат од последици на срцеви заболувања, а меѓу жртвите на Ковид-10, најбројни се оние кои имале кардиоваскуларни проблеми.
Пациентите со срцеви заболување кои се заразени со Ковид-19 имаат поголема веројатност да бидат погодени од зголемена коагулација на крв како резултат на воспалителниот процес и имаат поголем ризик од тромбоза.
Индиректните последици од коронавирус врз срцевите пациенти укажуваат на фактот дека од почетокот на пандемијата во Италија, бројот на пациенти кои доаѓаат во болница по срцев удар е намален за 48 проценти, бидејќи се плашат дека ќе бидат заразени со коронавирус.
Смртноста од срцев удар се зголемила од 4 на 13,7 проценти за време на пандемијата, според истражувањето објавено од Вишиот институт за здравство