Магазин 16. август 2019. / 17:48

Овој јули бил најтополиот во последните 140 години

Овој јули бил најтополиот во последните 140 години

Ovoj jули бил најтопол во последните 140 години откако американската Национална агенција за истражување на океаните и атмосферата (НОАА), бележи податоци за глобалната температура.

Просечната температура во јули на глобалните копнени површини и океаните била за 0,95 степени Целзиусови повисока од просечната во 20. век, кога изнесувала 15,8 степени, рекордна од 1880 откога НОАА води евиденција.

Најзначајните отстапувања од просекот на температурата се забележани во Алјаска, Централна Европа, северниот и југозападниот дел на Азија и делови од Африка и Австралија, пренесува НОАА.

Температурите во овие региони во јули беа околу 2 Целзиусови степени над просекот од 1981 до 2010 година или повисоки.

Податоците исто така покажуваат дека девет од 10-те најжешки месеци јули се забележани од 2005 година, а последните пет години се петте најжешки.

Јули 1998 година беше единствениот јули во минатиот век меѓу 10-те најтопли.

Глобалната просечна температура на површината на земјата беше 1,23 Целзиусови над просекот на 20. век од 14,3 степени и втората највисока температура во јули за 140 години.

Податоците се во согласност со проценките што веќе ги објави Светската метеоролошка организација и се собрани од Националните центри за податоци за животна средина на НOAA.