Холивудската актерка Камерон Дијаз конечно ја откри причината зошто го напушти светот на шоу-бизнисот.
Гостувајќи во шоуто на нејзината колешка Гвинет Палтроу „In Goop Health: The Sessions“, Дијаз откри зошто решила да го напушти холивудскиот живот. Поранешната актерка за време на интервјуто изјавила дека го нашла мирот кога престанала да глуми.
„Решив дека сакав нешто различно од животот. Не ми останува простор за приватен живот “, изјави таа.
Кога Палтроу ја запраша како се чувствува откако ќе остави исклучително успешна актерска кариера, Дијаз рече дека „најде мир во нејзината душа“.
Поранешната актерка изјавила дека решила да се посвети на односите со семејството и пријателите, откако им предала контрола на одредени аспекти од нејзиниот живот на други луѓе долги години.
Кога снимате филм, тоа е совршен изговор – тие ве поседуваат. Вие сте во собата 12 часа на ден со месеци и немате време за ништо друго. Актерите се ставени во позиција каде сите други се грижат за сè за нас, откри таа.
Таа се посвети целосно на семејниот живот, а на почетокот на оваа година го роди своето прво дете, ќерката Редикс Мејден со сопругот, музичарот Бенџи Мејден.