Магазин 21. јули 2020. / 11:53

Отворена онлајн изложба на младата Теодора Ставрова

Отворена онлајн изложба на младата Теодора Ставрова

Во организација на Пионерскиот дом од Гевгелија, отворена е онлајн ликовна изложба на младата гевгеличанка Теодора Ставрова, насловена „Човекот како битие“, која вљубениците во уметноста можат да ја проследат на јутјуб каналот на Пионерскиот дом.

Теодора Ставрова е дел од ликовната работилница на гевгелискиот Пионерски дом уште од нејзиното формирање и како што вели нејзиниот ментор, Мирјана Крстева Массети, поседува иклучителен талент и амбиција.

Со самостојното претставување по прв пат ја доживуваме нејзината љубов кон визуелните уметности. Онлајн изложбата раскажува за нејзините размисли, сонувања и перцепции за светот преку цртежи кои имаат модерен призвук, конзистетно следејќи ги своите лични пориви – кажа Массети на свеченото отворање.

Според мислењето на менторката, нагласената индивидуалност, амбиција, талент и чувство за естетика на младата Теодора Ставрова, несомнено најавуваат личност на ликовната сцена во иднина.