Магазин 30. ноември 2020. / 14:01

Отворена линија за донации за лекувањето на фудбалерот Ѓорге Џонов

Отворена линија за донации за лекувањето на фудбалерот Ѓорге Џонов

Семејството и пријателите на 29-годишниот Ѓорге Џонов од Валандово бараат помош за негово лекување и престој во Турција која чини 100.000 евра, сума која за нив е недостижна, за како што велат, „за неговиот најважен натпревар во животот“.

Џонов е фудбалер, а неодамна му беше дијагностициран канцер на белите дробови.

За неговото лекување може да се помогне директно на жиро-сметка, или пак преку донациските броеви 143 460 (А1) или 143 113 (Телеком).

Се моли секој кој може да помогне во лекувањето на младото момче во неговата битка со болеста.