Магазин 03. февруари 2020. / 18:53

Откриено од што ќе живеат принцот Хари и Меган

Откриено од што ќе живеат принцот Хари и Меган

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл сепак ќе бидат финансирани од кралското семејство бидејќи ќе може да сметаат на околу три милиони долари кои ќе ги добијат од идниот крал, принцот Чарлс.

Како што е запознаена јавноста, тие и понатаму водат луксузен и привилегиран живот, потпирајќи се на пари од даночните обврзници. Кога решија да се повлечат од своите позиции, како постари членови на кралското семејство, најактуелното прашање беше како во иднина ќе заработуваат пари, како ќе се издржуваат себе си и синот.

На крајот, сепак излегува дека ќе продолжат да земаат пари од кралскиот фонд. Финансиска поддршка ќе добиваат од таткото на Хари.

Принцот Чарлс дел од богатството остварува преку војводството од Корнвол, приватна сопственост која ги финансира сите негови активности. Иако повеќе нема да добиваат приход од кралските должности, Хари и Меган ќе може да сметаат на околу три милиони долари.

Не е реткост детето да добие дел од наследството од таткото после неговата смрт, но принцот Хари во овој случај е исклучок, бидејќи не е наследник ниту управник.

Оваа одлука е многу дарежлива и изненадувачка со оглед на тоа дека принцот Чарлс се почувствува предаден од неочекуваната одлука на Хари да отстапи од неговата кралска должност.