Кинт Флинт, фронтменот на групата Продиџи, почина од предозирање, пишува во резултатите од обдукцијата.
Вештакот Каролина Бејсли-Мари тврди дека не постојат доволно докази за тоа дека фронтменот на Продиџи, кој беше пронајден мртов во својот стан на 4 март, сакал да си го одземе животот. Објавените резултати од обдукцијата и токсиколошкиот тест, покажуваат дека Кит пред смртта консумирал кокаин, алкохол и кодеин.
– Што ако само правел глупости, па се тргнало по лошо? Никогаш нема да бидеме сигурни за што размислувал Кит тој ден, па поради тоа во истрагата за неговата смрт ќе прогласам отворен заклучок – рекла таа. Ова всушност значи дека смртта е сомнителна, но не може да се потврди причината.