Магазин 26. август 2020. / 09:43

Откриена e слабата точка на вирусот Ковид -19

Откриена e слабата точка на вирусот Ковид -19

Пронајдена e слабата точка на коронавирусот.

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија мистеријата.

Порталот „Сајенс дејли“ објави дека експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro (C30 ендопептидаза) е основниот ензим во развојот на вирусот САРС-КоВ-2.

Коронавирусните 3CL-протеази се силни терапевтски цели, затоа што тие играат клучна улога во репликацијата на коронавирусот. При користење на пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, се покажа дека овој препарат ја стопира репликацијата на вирусот.

Научниците тврдат дека ова влијание врз слабата точка на вирусот овозможува да се блокира репродукцијата не само на МЕРС, туку и на коронавирусот МЕРС-КоВ и САРС-КоВ-2.

Експертите ја истакнуваат потребата од тестирање на ефективноста на лекот кај луѓето.

Во светот сега има 19.3 милиони луѓе заразени од коронавирусот.