Ковид-19, болест предизвикана од САРС-КОВ-2, специфичен вид на коронавирусот, беше забележана како респираторна инфекција на почетокот на пандемијата.
Сепак, новите откритија докажуваат дека предизвикува формирање на згрутчување на крвта, предизвикува кетоацидоза, но и забуна кај некои пациенти кои развиле тешка клиничка слика или имаат придружни заболувања.
Списокот на симптоми е огромен, многу експерти заклучиле дека „Ковид-19“ е мултисистемска болест, прогресивна и напаѓа многу органи.
Научниците го откриле коронавирусот во ушите на двајца починати пациенти кои биле позитивни на „Ковид-19“, затоа што студиите индицираат дека губењето на слухот може да биде редок симптом на инфекција.
Истражувањата покажле дека вирусот исто така може да ги зарази увото и мастоидната коска веднаш зад увото.
Три пациенти учествувале во мала студија, од кои двајца имале високо вирусно оптоварување не само во средните уши, туку и зад увото.
Тимот испитувал тројца пациенти кои починале од Ковид-19.
Едниот од пациентите бил маж во 60-тите години, како и две жени – едната околу 60 години, а другата околу 80. Примероците биле земени со брис и се чувале во раствор наречен медиум за транспорт на вируси, пред да бидат тестирани.
Кај двајца од тројцата пациенти, вирусот САРС-КоВ-2 е пронајден во мастоидното или средното уво, според резултатите од студијата објавена во списанието JAMA Otolaryngology – Head & Neck Surgery.
Ова не е првпат коронавирусот да се поврзе со инфекции на ушите или проблеми со ушите.
Студијата објавена во април откри дека Ковид-19 кај возрасни предизвикува воспалителен процес во кој тапанчето станува воспалено.
Друга студија во која учествувале 20 асимптоматски пациенти без претходни проблеми со слухот, открило дека нивниот слух се влошил откако се излечиле од Ковид-19.
– Она што можеме да го кажеме засега е дека ова е редок случај што може да доведе до долгорочни проблеми. Имено, губењето на слухот или оштетувањето на каналот се последица на потешка форма на коронавирусот кај некои пациенти. Потребни се повеќе истражувања и време за да се покаже на што може да нападне вирусот, заклучува Џон Хопкинс од Медицинскиот центар во Лондон.