Магазин 19. март 2019. / 14:51

Откриен идентитетот на Џек Мевосек!

Откриен идентитетот на Џек Мевосек!

Идентитетот на серискиот убиец кој сееше смрт низ Лондон пред повеќе од 130 години конечно е откриен.

Џек Мевосек убивал луѓе пред речиси еден и пол век, а дури сега е потврден неговиот идентитет, со ДНК анализа на примероци од крв и сперма земени сосема случајно од шалот на една од жртвите на Мевосек, Кетрин Идус, која била најдена мртва во септември, 1888 година.


Анализата покажала дека станува збор за Арон Космински, бербер со полско потекло, кој живеел во Лондон. Космински бил главниот осомничен за убиствата, според детективите кои тогаш ја воделе истрагата, но никогаш немало доволно докази за да го осудат.
Истражувачи од Универзитетот Џон Морес во Ливерпул успеаја да го идентификуваат серискиот убиец користејќи примероци крв од негови потомци.

Космински починал на 54 години во 1919 година во лудница каде бил примен во 1891 година.

Се смета дека злогласениот Џек Мевосек убил најмалку пет жени во периодот од август до ноември, 1888 година.