Џенифер Гејтс, ќерката на основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, во петокот ја доби својата прва доза од вакцината против ковид-19 и шеговито искоментира една од теориите на заговор што се шират околу вакцините.
– За жал, вакцината НЕ го вгради мојот генијален татко во мојот мозок – камо иРНК да ја имаше таа моќ….!, напиша таа во објава на Инстаграм.
View this post on Instagram
Нејзиниот татко Бил Гејтс, милијардер и технолошки магнат, ги фокусираше своите филантропски напори со фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за подобрување на технологијата за вакцините и нивната достапност во земјите во развој. Тој исто така долго време предупредуваше на можноста за вирусна пандемија, многу пред ковид-19 да се прошири низ целиот свет.
Неговото застапување за вакцините го направи централна фигура во теориите за заговор против вакцините. Едно од тие верувања е дека тој ја користи пандемијата за да промовира вакцина со микрочип што ќе ги контролира умовите на луѓето или ќе ја следи нивната локација.