Магазин 06. јули 2020. / 12:34

Откако го уништија споменикот на Чемерски и Раѓеновиќ, „Ресорт Маврово“ ќе го враќа во првобитна состојба

Откако го уништија споменикот на Чемерски и Раѓеновиќ, „Ресорт Маврово“ ќе го враќа во првобитна состојба

Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Макеодонија ААМ, Мартин Пановски во пост на Фејсбук реагира на вандалскиот чин во кој е ишаран муралот на големиот македонски сликар Глигор Чемерски.

Со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Вдиши го Маврово!
Го вдишувам ете 45 години и супер е. Сега што да вдишам? Простотилаков?
ГО ИШАРАВТЕ МУРАЛОТ НА ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ!!!
Браво!
Не знаете кој е Чемерски? Нормално дека не знаете. Зошто би знаеле.
Ок, на кратко, кажано со речник за мангупи ко вас..Глигор Чемерски е меѓу “топ тен” македонски сликари “евер”! “Гоглит”! Архитектот Радован Раѓеновиќ има “лајфтајм ачивмент” за архитектура во Македонија, пишува Пановски.

Тој бара од „Ресорт Маврво“ преку соопштение да се извисни за уништување на дел од македонската култура.

Resort Mavrovo, би било добро како совесна компанија да дадете соопштение каде ќе се извините за уништување на дел од македонската култура, да кажете која е маркетинг агенцијата која ви го организирала настанот (за да се пазат останатите совесни комании да не направат ваква грешка) и на крај дека на менаџерот му е врачен отказ. (замислете што ќе му се случи на менаџер на резорт во Шпанија ако ангажирал локален мангуп да шара врз мурал од Пикасо) Ве молам немојте да кажете дека ќе го доведете во првобитна состојба постаментот, зошто не е изводливо. Може да го префарбате со боја која е слична на бетон ама тоа не е тоа. Ја нема патината на годините… нема да објаснувам околу тоа сега.

П.С Не е мој домен ама да правиш журка со слоган ВДИШИ го Маврово во ек на респираторна пандемија е како да ви кажам…стварно која е маркетинг агенцијата?, пишува Пановски.

Вдиши го Маврово!
Го вдишувам ете 45 години и супер е. Сега што да вдишам? Простотилаков?
ГО ИШАРАВТЕ МУРАЛОТ НА…

Posted by Martin Panovski on Sunday, July 5, 2020

 

 

 

Ресорт Маврово ќе ги преземе сите неопходни дејствија за да го врати бетонскиот постамент на мозаикот на Глигор Чемерски во првобитна состојба, соопшти компанијата откако синоќа редакцијата САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека со мурал „Вдиши го Маврово“ е ишаран постаменот на споменикот во Маврово од 1970-те посветен на антифашистичката борба со мурал од академик Глигор Чемерски и дело на архитект Радован Раѓеновиќ.

Ќерката на сликарот Чемерски, уметницата Елена Чемерска на фејсбук профилот на Ресорт Маврово, што ја организира акцијата, реагираше дека кај старото бачило освен трлото за овци има и споменик посветен на антифашистичката борба од доцните 1970-те, дело на Чемерски и Раѓеновиќ, автори кои што заедно имаат реализирано неколку капитални дела споменици ширум земјава.