Магазин 14. јануари 2019. / 10:47

Останаа без плата, па нивните колеги направија нешто неверојатно

Останаа без плата, па нивните колеги направија нешто неверојатно

Канадските контролори на лет купија стотици пици за своите колеги во Соединетите Американски Држави во знак на солидарност поради делумната блокада на американската влада што ги погоди контролорите на летот.

Претседателот на Здружението на канадските контролори на лет, Питер Дафи, рече дека иницијативата започнала во четвртокот кога вработените во контролниот центар во Едмонтон почнале да собираат пари за да им купат пици на своите колеги во Енкориџ на Алјаска, објави АП.

Наскоро им се приклучија и други контролни центри низ Канада, а според Дафи, досега пици од Канада пристигнаа во 36 објекти.

Поради блокадата на владата која настана затоа што демократите во Конгресот не сакаат да го одобрат финансирањето на ѕидот со Мексико, што го бара Трамп,  околу 10.000 контролори на лет работат без плата од декември.