Магазин 29. јуни 2020. / 13:19

Организаторите на настани и Министерството за здравство постигнаа договoр: Концертите се враќаат!

Организаторите на настани и Министерството за здравство постигнаа договoр: Концертите се враќаат!

Комисијата го прифатила предлогот на Здружението на музичари и на преставници на здруженијата за организирање на настани, кои биле заедно на состанок минатата недела, и како што рече Филипче, донеле еден навистина солиден протокол со строго контролиран влез.

Денеска се дозволи да се организираат настани. Капацитетот да биде пополнет не повеќе од 50 проценти на местото каде се органиизира настанот и картите да се продаваат електронски за да не се прават гужви и редици, а исто така задолжително да се носат маски. Станува збор за одличен протокол и здруженијата земаат обврска, што е за пофалба, сами да го контролираат спроведувањето на мерките таму каде што се организираат, рече министерот.

Од „Авалон“ веднаш најавија концертна понуда за август и септември.

 

Концертите се враќаат во Македонија!

Успеавме да се договориме со Министерството за здравство концертите да се вратат во Македонија под повеќе од достоинствени услови за публиката да може да ужива, а сепак по протоколи (заштитни маски и скратени капацитети) за безбедно одржување!

Авалон се враќа со одлична концертна понуда за август и септември – open air.

Сите детали, следната недела.

Време е за нешто убаво и ова лето!, велат од Авалон.