Колинда Грабар Китаровиќ, поранешната претседателка на Хрватска се огласи преку својот Фејсбук профил наведувајќу дека морала на операција на дискус хернија на вратниот дел од ‘рбетот и им се заблагодари на медицинскиот персонал и вработените на одделението за неврохирургија на КБЦ Ребро во Загреб.
Ова операција беше нужна, веројатно и од порано. Не стануваше збор само за болки, туку за функционални и моторички пречки кои почнаа да влијаат врз мојот живот. И тоа не само на овој протоколарен, туку и потешкотии со стоењето, губењето рамнотежа и слично, туку и во секојдневниот живот. Беше тешко да се потпишам и воопшто да пишувам со рака, да закопчам копче, да отворам шише со вода, да си принесам лажица кон устата… Сега следува подолго опоравување во кое се потпирам на поддршката на семејството, пријателите и сите добри луѓе, напиша Грабар – Китаровиќ.