Магазин 23. јуни 2020. / 15:31

Операта во Барселона одржа концерт пред 2292 растенија во саксии

Операта во Барселона одржа концерт пред 2292 растенија во саксии

Операта во Барселона синоќа почна да работи по тримесечниот карантин, со концерт, кој наместо пред публика, беше одржан пред 2292 растенија во саксии. Концертот се одржа еден ден по официјално завршениот карантин во Шпанија, кој траеше три месеци. Идејата за ваквиот концепт на концертот, беше на шпанскиот концептуален уметник Евгенио Ампудиа, кој изјави дека инспирацијата му дошка од неговата конекција со природата, за време на пандемијата.

Следев што се случуваше со природата за време на пандемијата. Многу повеќе ги слушав птиците. Растенијата во мојата градина растеа побрзо. И без сомнеж, помислив дека сега треба да создадам многу поблиска врска со луѓето и природата”, рече Ампудија.

Гудачкиот квартет пред тивката публика, ја изведе композицијата „Хризантема”, од италијанскиот композитор Џакомо Пучини, а изведбата беше пренесувана и онлајн во живо. Организаторите информираат дека сите расади ќе бидат донирани на здравствените работници, од првите борбени редови.