Магазин 12. март 2020. / 10:44

Операта „Кармен“ во Берлин ќе се одигра без публика, но ќе има видео-пренос

Операта „Кармен“ во Берлин ќе се одигра без публика, но ќе има видео-пренос

Во берлинската Државна опера „шоуто мора да продолжи“ без оглед на строгите мерки против ширењето на корона вирусот.

Директорот на оперската куќа, Матијас Шулц изјави дека „Кармен“ денеска ќе се одигра како што е планирано, но без публика. Наместо тоа, претставата бесплатно ќе се пренесува преку видео.

Истото се планира и за операта на Моцарт – Идоменео, на 22 март.

И познатата Берлинска филхармонија разгледува да почне со видеопреноси за своите концерти.