Магазин 01. јануари 2021. / 22:10

Олимписките игри во Токио сигурно ќе се одржат летово, простор за одложување нема

Олимписките игри во Токио сигурно ќе се одржат летово, простор за одложување нема

Јапонскиот премиер Јoшихиде Сука денеска рече дека Олимписките игри сигурно ќе се одржат ова лето во Токио и дека нема збор за ново одложување.

„Јапонија ќе стори сé за да ги направи Игрите целосно безбедни за сите што ќе дојдат во Токио и тие ќе претставуваат симбол на глобалната солидарност“, рече Сука.

Олимписките игри во Токио во 2020 година се одложени за една година, а нивниот почеток е планиран за 24 јули годинава. Во истражувањето на јапонските медиуми, повеќето Јапонци се против одржување на Игрите во 2021 година и сметаат дека треба повторно да се одложат или откажат.

Поради доцнењето и коронавирусот, Олимписките игри во Токио ќе станат најскапите летни игри во историјата, бидејќи трошоците пораснаа за 2,8 милијарди долари, на вкупно 13 милијарди долари.