Премиерот на покраината Баварија, Маркус Соудер, денеска објави дека тој и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, заедно одлучиле да го откажат годинашниот Октоберфест, поради пандемијата на корона вирус.
Октоберфест требаше да започне на 19 септември. И покрај тоа што се очекува ширењето на вирусот до тогаш да забави, властите одлучија дека сепак е премногу ризично да се организира настан на кој присуствуваат околу 6 милиони луѓе секоја година.
-Врз основа на моменталната состојба, не можам да замислам дека таков голем настан дури би бил можен во тоа време, им рече Соудер на новинарите.