Универзитетот во Оксфорд потврди во петокот дека нејзината експериментална вакцина против корона вирус влегува во последните фази на развој и дека наскоро ќе биде тестирана врз луѓето.
Вакцината ќе биде тестирана на 10.260 волонтери. Адријан Хил, еден од главните истражувачи кои работат на развојот, за ЕнБиСи изјави дека овие испитувања ќе покажат како и на кој начин вакцината е ефикасна.
-Сè уште сметаме дека тие се прилично високи, но не загарантирани. Но, ние даваме се од себе да покажеме дека функционира, во текот на следните неколку месеци, изјави Хил.
Универзитетот Оксфорд неодамна ги здружи силите со фармацевтската компанија „Астра Зенка“ за истражување на вакцини. Доколку вакцината се покаже ефикасна, може да биде достапна на пазарот во почетокот на септември, истакна компанијата.
Во Велика Британија во моментов има регистрирано 254.195 случаи, со број на загинати од 36.393.