Магазин 01. јули 2020. / 20:35

„Охридско лето“ ќе го означи стартот на 4 август-денот кога навршува 60 години постоење

„Охридско лето“ ќе го означи стартот на 4 август-денот кога навршува 60 години постоење

Националната установа „Охридско лето“ е пред реализација на најмасовниот фестивал во државата кој годинава слави 60 години постоење. Јубилејното издание ќе се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од Ковид – 19 и препораките кои ги даде Комисијата за заразни болести.

Почетокот на фестивалот ќе биде означен на 4 август – кога фестивалот го одбележува својот роденден. Ќе спроведеме онлајн продажба на билети, а посетителите кои ќе доаѓаат на настаните треба да носат заштитни маски. Од наша страна на сцените каде ќе се одржуваат настаните ќе се постават средства за дезинфекција. Исто така ќе се почитуваат и мерките за одржување на социјална дистанца од два метри како за публиката така и за уметниците, велат оттаму.