Магазин 07. март 2021. / 16:03

Официјално: И оваа година нема да се одржи струмичкиот карневал

Официјално: И оваа година нема да се одржи струмичкиот карневал

Втора година по ред струмичани остануваат без познатиот Струмички карневал.

Поради пандемијата со Ковид-19, карневалскиот одбор и годинава ќе го одбележи карневалот во скромно издание, без поворки и гости од страна. Карневалџиите велат дека им се спакувани карневалските маски коишто не успејаа да ги облечат минатата година.

Организациониот одбор на карневалот не се откажува од свеченостите. Но тие ќе бидат скромни и симболични. Ќе нема маскенбали, а ќе се задржат другите настани.

Карневалскиот одбор годинава ќе издаде и Монографија во чест на 3 децении организирана форма на Струмичкиот карневал.