Магазин 12. јули 2019. / 18:47

Официјално: Француската ѕвезда е нов фудбалер на Барселона

Официјално: Француската ѕвезда е нов фудбалер на Барселона

Сагата доби официјална завршница. Антоан Гризман е нов фудбалер на Барселона.

Долго време се шпекулираше за иднината на одличниот Французин, а пред малку Барселона официјално го потврди трансферот.

Каталонците објавија дека ја платила клазулата од 120 милиони евра и Гризман потпишува договор на пет години.

Откупната клазула во неговиот договор ќе изнесува 800 милиони евра.

Наскоро ќе бидат објавен и детали за презентацијата на францускиот напаѓач. Според каталонските медиуми ќе биде во недела, но засега нема официјални информации од клубот.