Пред неколку дена Бенфика објави дека добила понуда од 126 милиони евра. Во текот на денешниот ден Атлетико Мадрид ја објави долго очекуваната вест. Трансферот на Феликс е последниот потврден на официјалната страна на Атлетико Мадрид.
Ова е биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.
Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Ladies and gentlemen…
… Our new number 7⃣…
? @joaofelix70!!! ?
? https://t.co/8gDZ9K6ECH ?#AúpaAtleti #PureTalent #WelcomeJoãoFélix pic.twitter.com/1jNW0EZzeI
— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 3, 2019
Жоао Феликс одигра феноменална сезона во Бенфика во која постигна 20 гола и запиша 11 асистенции, па се наметна како еден од најголемите таленти во Европа, а во Атлетико пристигнува како замена за Гризман, кој најави заминување.