Фаворитот го потврди статусот и без поголеми проблеми ја забележа првата победа на скопскиот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во септември годинава.
Турците славеа со 3-0 (25-15, 25-17, 25-18) со доминантна игра во сите елементи. Го имаа расположениот примач Субаши кој не играше на претходниот континентален собир, а вечерва во арената „Борис Трајковски“ беше најдобар поентер, најдобар напаѓач, најдобар сервер и најдобар примач, така што нема дилеми дека беше прв играч на мечот. Со неговата мотивација коректорот Адис Лагумџија не мораше премногу да форсира, па заврши со 13 поени.
Одбојкарите на Македонија и на Турција денеска од 18:00 часот ќе го затворат првиот дел од квалификациите за пласман на Европското првенство кои се оддржуваат во Скопје во СЦ Борис Трајковски.
Двете селекции претходно успеаа да слават идентично против БИХ со 3:1 што значи дека претстои меч за првото место. Веднаш по првиот турнир на истата локација ќе стартува и вториот.
Пласман на Континеталниот собир ќе обезбедат победниците од седумте групи како и најдобрите пет второпласирани селекции.